Ваби-саби - јапонски стил на внатрешен дизајн кој ја прифаќа несовршеноста

Спротивно на западните идеали кои диктираат совршенство, древната јапонска филозофија Ваби-саби наоѓа убавина во секој аспект на несовршеност. Ваби-саби поттикнува отстапување од постојаната потрага и опсесија со совршенство што ја доживуваме во нашите односи, достигнувања, поседување материјални работи, физички изглед и внатрешен дизајн.

Wabi sabi N11 3 compressed fb

Што е Ваби-саби?

Ваби-саби е многу влијателен јапонски концепт кој ја потенцира идејата дека „помалку е повеќе“ и ја цени естетиката на несовршеност во природата. Оваа јапонска филозофија се состои од два посебни концепти. „Ваби“ (Wabi) првично се однесувал на самотниот живот и осаменоста на животот во природа; подоцна го добил значењето на едноставност, нестабилност, недостаток и несовршеност. „Ваби“ изразува благодарност за убавината на скромноста и рустикална едноставност.

 

Wabi sabi R02 2Wabi sabi N12 1

„Саби“ порано го опишувал ефектот на стареењето или распаѓањето. Со други зборови, „саби“ го означува влијанието на времето врз предметите, најлесно замислено како премин од едно годишно време во друго или како стареење на одделни предмети или тела. Наједноставен начин да се претстави „саби“ е како уникатен знак на стареење. Кога двата термина ќе се комбинираат, тие создаваат сеопфатен концепт за вреднување и благодарност за едноставни, реални, но минливи животни состојби и форми.

Ваби-саби во домот 

Убавината на чистотата, минливоста и несовршеноста на Ваби-саби е спротивност на класичната перцепција на западната дефиниција за убавина, која се смета за совршена, трајна и монументална, како и за материјалистичка опсесија. Применувањето на филозофијата Ваби-саби не мора да подразбира ангажирање дизајнер на ентериер, станување експерт во јапонската култура или живеење како будистички монах. Убавината на Ваби-саби е во тоа што не постои погрешен начин за да ја инкорпорирате во вашиот живот и дом.  

Усвојувањето на филозофијата Ваби-саби подразбира промена на вашата перспектива како личност. Треба да ви помогне да создадете посреќен дом каде што ќе се чувствувате позадоволни и да ја елиминирате желбата за материјални работи. Ваби-саби ви овозможува да ги прифатите нештата онакви какви што се во вашиот секојдневен живот, и покрај нивните несовршености. Истовремено, треба да придонесе за едноставноста, спокојството и мирот во вашиот живот.

 

Wabi sabi G05 333 Wabi sabi N05 5

Не е потребно ве обзема шопинг лудило за украсување во стилот на Ваби-саби; не ви е потребно ништо ново за редизајнирање на вашиот дом.  Јапонската филозофија ја цени природата, затоа обрнете посебно внимание на материјалите што ги носите во вашиот дом. Преовладуваат дрвени, камени и метални елементи и додатоци, кои не само што се естетски пријатни туку и добро стареат.

Во вашиот дом веќе се кријат некои додатоци, кои можеби едноставно не сте ги забележале! При изборот на додатоци преовладуваат принципите на функционалност, минимализам и едноставност. Исто така, има голем акцент на личните предмети што можат да ја раскажат вашата животна приказна. Пребарајте ја фиоката во кујната, каде што можеби ве чека стар 'рѓосан нож или некој друг предмет изработен од железо, месинг или бакар. Неговите несовршености ги раскажуваат приказните од долгогодишната употреба. Можно е да налетате на оштетена вазна, сад, чинија или саксија во вашиот подрум или поткровје. Сите знаци на употреба или „рани од времето“ се ценети во стилот Ваби-саби. Ако сепак одлучите да купите нови додатоци за вашиот редизајн, препорачуваме да изберете одржливи, квалитетни, рачно изработени или винтиџ производи и материјали.

 

Wabi sabi B11 3Wabi sabi N01 2

Кога станува збор за избор на мебел, нема ограничувања бидејќи Ваби-саби овозможува и посветли бои и модерен изглед и форма на мебел. Античките додатоци или мебел можат совршено да се вклопат со модерни елементи и минималистички мебел. Овој тип на мебел ги спојува несовршеностите и асиметријата на мебелот и додатоците во атрактивен и пријатен простор. Ваби-саби нагласува дека просторот за живеење мора да биде удобен и дека во него ќе се чувствувате добро. Перничињата се одличен начин за да додадете удобност. И не заборавајте да вклучите разновидни растенија што ќе донесат дополнителен ефект на живост во просторот.