Зошто белата боја е толку омилена?

Белите ѕидови во домот често се сметаат за класични, здодевни, некреативни или неоригинални. Дизајнерите за ентериер и архитектите не би се согласиле. Ја сакаат белата боја, бидејќи е елегантна и софистицирана, бидејќи внесува свежина, невиност и смиреност во просторот и бидејќи е безвременска.

43 Zakaj je bela barva tako priljubljena 1280x850

Во модната индустрија, белата никогаш не излегува од мода; згора на тоа, белите парчиња облека се чест избор кога сакате да се изразите преку облеката. На сличен начин, во дизајнот на ентериер, белата се смета за безвременска боја која е секогаш во тренд и актуелна. Можеби бидјеќи симболизира мир, ред, чистота, вечност, нови почетоци. Исто така е привлечна за гледање, а спротивна е на црната. Ако црната означува отсуство на боја, белата светлина ги содржи сите бои од спектарот на бои. И зошто оваа најчесто користена боја е толку популарна во дизајнот на ентериер?

 

Зошто ја сакаме белата боја

-          Празно платно: Белите ѕидови во домот се како празно платно, неиспишана страница која нуди неограничени можности и дава целосна слобода при изборот на мебел, неговите бои и текстури. За разлика од другите тонови на бои, на пример сина или црвена, што може да се користат за ѕидовите да се претворат во моќен елемент во дизајнот на ентериер, каде што изборот на мебел е тесен од самиот почеток, белите ѕидови се неутрални и затоа совршени за комбинирање со различни парчиња мебел и домашни додатоци.

-          Визуелно го зголемува просторот: Можеби сте слушнале дека за мал простор повеќе одговараат бели ѕидови бидејќи тие го прават да изгледа поголем. Белите домови изгледаат светли и пространи бидејќи белата ја рефлектира светлината на поинаков начин од другите бои. Додавањето на огледало или сјаен мебел во бела просторија дополнително ќе го нагласи чувството на просторност.

-          Нема рок на траење: Кога избирате бои за внатрешните ѕидови, а особено при изборот на мебелот, внимателно размислете за вашиот избор бидејќи можеби ќе сакате да го обновите во одреден момент. Со бела боја не можете да погрешите; само белата и црната се безвременски бои кои никогаш не застаруваат. Покрај тоа, белата е актуелна и погодна боја за сите сезони, асоцира на мраз и снег во зима или прекрасни бели лалиња во пролет.

-          Лесна за комбинирање со други бои: Белата не е само безвременска боја која никогаш не излегува од мода, туку таа е и убава и практична бидејќи скоро и да нема нијанса што не ја надополнува. Белата обожува црна боја: нивната комбинација е ефективна, драматична и прекрасна. Црната најдобро одговара со неутрална или чиста бела боја без подтонови. Валкано белите нијанси се лесни за комбинирање со други бои бидејќи ја надополнуваат скоро секоја боја: неутрални нијанси, силни бои или пастелни нијанси. Но, еве еден совет: ако ја комбинирате со неутрални нијанси и пастели, изберете топла валкано бела, а ладна валкана бела ако ја комбинирате со сини или зелени нијанси. 

 

43 Zakaj je bela barva tako priljubljena 01 625x41543 Zakaj je bela barva tako priljubljena 02 625x415

Сите нијанси на бело

Употребата на бела боја во просторот можеби изгледа едноставно, но за оваа долготрајна боја има неколку трикови. Вистина е дека овозможува многу креативни комбинации со внатрешен мебел. Меѓутоа, кога ќе се соочиме со изборот на боја за внатрешни ѕидови или бел мебел, наскоро сфаќаме дека секое бело е малку поинакво и дека има широка палета на валкано бели. Зелените, сините или виолетовите нијанси на ладно бело имаат леден и остар изглед, додека топлите нијанси (крем или слонова коска) содржат портокалови или жолти подтонови кои создаваат помека, потопла атмосфера.

 

43 Zakaj je bela barva tako priljubljena 03 625x41543 Zakaj je bela barva tako priljubljena 04 625x415

Ако сакате простор кој е целосно бел, земете предвид различни бели нијанси. Прво, изберете нијанса за бојата на ѕидот, земајќи ги предвид нијансите на приклучоците, прекинувачите и облогите на прозорците и вратите. Тие најчесто имаат жолтеникави, топли тонови кои дополнително ќе се нагласат со избирање на чиста бела боја без подтонови. Во таков случај попаметно е да се користи топла, пријатна нијанса на бела, како на пр. SPEKTRA Fresh&Easy. Меѓутоа, ако сакате црно-бели комбинации за внатрешен мебел, можеби ќе сакате да изберете брилијантно белата ѕидна боја со висока покривна моќ SPEKTRA Perfect White или бои со подеднакво ниво на покривна моќ како што е SPEKTRA Extra или SPEKTRA Super

 

Користете текстури за топлина

Ако се сомневате дека белиот ентериер (бели ѕидови и мебел) може премногу да изгледа како стерилна лабораторија, можете да му додадете топлина со различни текстури, текстил, апаратури или завеси во различни нијанси на бела. Со само една боја во просторијата, внатрешноста може да содржи разновидни материјали во бела боја, од меки теписи до украсни текстилни перничиња или дрвена масичка за кафе, давајќи му на просторот чувство на длабочина, живост и нова димензија.

 

43 Zakaj je bela barva tako priljubljena 05 625x41543 Zakaj je bela barva tako priljubljena 06 625x415

Бели и земјени тонови

Белите ентериери изгледаат елегантно и модерно на фотографиите, но можеби не се за секого. Белината може лесно да се „зачини“ со домашни додатоци во земјени тонови, на пример, ткаен килим во беж нијанса, рамка за огледало во природна боја на дрво, бела мермерна масичка за кафе со дрвени ногарки, фотографии или отпечатоци на ѕидовите, цвеќиња во големи украсни саксии итн.

Комбинирана со земјени тонови, белата боја инспирира чувство на природа, спокојство и модерност, а ова е комбинација која никогаш не излегува од мода и одговара за секој простор во вашиот дом.

 

43 Zakaj je bela barva tako priljubljena 07 625x41543 Zakaj je bela barva tako priljubljena 08 625x415