Како правилно и безбедно да се ослободите од остатокот од боја?

Штотуку завршивте со бојадисување на Вашиот дом? Полека започнувате да ги чистите четките и другите алатки што ги користевте за време на работата, отстранувајќи ја заштитата што го покривала мебелот или другите површини на кои не сакавте да останат дамки при бојадисувањето на (внатрешни или надворешни) ѕидните површини и задоволни сте, гледајќи ги обновените или освежени површини. Но, забележувате дека ви преостанала боја... Што да направите со остатокот од бојата?

28 Ostanki barv

За да избегнеме што е можно повеќе остатоци од боја по завршување со бојадисувањето, прво се препорачува да се обидеме да пресметаме што е можно попрецизно колку боја ви е потребна за ѕидовите што сакаме да ги бојадисаме. Исто така, важно е да се знае дали е потребен само еден слој или дали ќе треба да се нанесат уште неколку слоеви на површината. Бројот на слоеви зависи главно од тоа дали има дамки или друга боја на површината што ќе ја бојадисувате (посилните нијанси на боја обично бараат еден или два слоја повеќе од вообичаеното).

Во никој случај не смее да се истура остатокот од боја во канализација или на земја бидејќи таквите супстанции ја загадуваат животната средина, како и подземните води.

 

28 Ostanki barv2

 

Употреба на остатоци од боја за други креативни проекти 

Остатокот од боја е одлична можност да започнете со разни креативни проекти кои можеби во спротивно не би ги реализирале. Еден начин да го искористите остатокот од бојата е да купите или да направите сопствени матрици со кои можете да направите интересни дезени на ѕидот и со тоа да го „зачините“ просторот. Постапката најдобро се извршува со тркалезна четка во помала големина. Нанесете ја бојата на ѕидот со лесно тапкање, внимавајќи да не нанесете премногу боја на четката, бидејќи таа може да се прелее по ѕидот.

 

28 Ostanki barv3

Наместо да користите матрици, можете исто така да креирате геометриски форми на ѕидот со помош на заштитна лента. Притоа, мора да се осигурате дека заштитната лента е цврсто прилепена на ѕидот за да не падне додека го пополнувате примерокот со боја. Кога премачкувате мазни површини, доволен е еден слој на боја, без оглед дали користите матрица или заштитна лента во проектот.

Доколку немате при рака заштитна лента или матрица, можете да користите и креда или обичен молив со кој лесно ќе ја нацртате саканата шема, која лесно ќе ја пребојадисате како што сте замислиле со остатокот од бојата.

 

Складирање на остатоците од боја 

Остатоците од боја се складираат во просторија во која нема да замрзнат. Повеќето бои може да се складираат на суво место каде што температурата не паѓа под 5°C и не достигнува повеќе од 35°C. Исто така, производот не смее да биде изожен на директна сончева светлина. Ако повторно го отворите пакувањето со остатокот од боја по подолг период, добро измешајте го пред употреба.

 

28 Ostanki barv4

 

Бојата на база на латекс или акрил не треба да се фрла во обична корпа за отпадоци додека не се исуши целосно и не се стврдне (овој процес може да потрае неколку дена, во зависност од температурата и влажноста). За побрзо сушење и стврднување на бојата, чувајте ја на топло или добро проветрено место. Кога овој вид на боја ќе се стврдне, извадете го исушениот материјал од пакувањето и фрлете го во корпа за отпадоци и соодветно рециклирајте го празното пакување или конзервата од боја.

Маслените и алкидните бои, вклучително и емајлите и лаковите, се опасен отпад што подлежи на построги правила и упатства за исфрлање. Никогаш не дозволувајте таквите видови на боја да се исушат, како што можете со латекс или акрилни бои, бидејќи тие можат да испуштаат штетни гасови и да содржат хемикалии што можат да ја загадат почвата и следствено подземните води, септичките јами и водотеците. За да избегнете несакани проблеми, ве советуваме да се консултирате со специјализираната продавница во која сте ја купиле бојата или да контактирате центар за опасен отпад каде што ќе ви дадат информации за соодветно место за собирање или депонија за овој вид отпад.

 

28 Ostanki barv5

 

Враќање на остатоците од боја во продажното место 

Информации за правилно и безбедно ракување со остатоци од боја можете да најдете во повеќето продавници за боја. Многу продажни места, исто така, организираат отстранување и рециклирање на вишокот боја на специјализирани места или фабрики.

 

28 Ostanki barv7

 

Донација на боја 

Ако количината на боја што ви останува е поголема, исто така, можете да ја донирате во добротворни или непрофитни организации, каде што дефинитивно ќе биде корисна. Некои од овие организации се вклучени, на пример, во обезбедување домување за бездомници, социјално загрозени семејства, реновирање младински центри, градинки и образовни институции. Вашиот вишок боја сигурно ќе ви се најде за проект за реновирање или освежување на просторија.

 

28 Ostanki barv8