Кога хостелот прераснува во хотел
Со задоволство ја прифатив поканата за советник при реновирање на собите во Корте Хостел. Гостите во овој објект се најчесто млади семејства и парови кои уживаат во пешачење и велосипедизам низ прекрасната природа.
Корте е мало населено место во словенечката област Истриа, во кое моментално се заљубувате поради тивката околина и живописната природа. Со цел да им се понуди совршен одмор на гостите, сопствениците одлучија да ги реновираат просториите и да создадат совршен амбиент, да додадат цреша на врвот од одморот што го нуди прекрасната природа.
Овој пат одлучив на ја дополнам светлата нијанса на боја со рабови во боја од маслинова гранка во светло маслинеста нијанса (код HG063).
Да послужи како ноќно ормарче, избрав две мали масички и им додадов масичка за дневна соба веднаш до каучот. Бојадисав една третина од секоја ногарка со истата нијанса како маслиновата гранка. Употребив Tessarol акрилна боја за дрво.
Сакав да го отстранам чувството кај гостите дека се наоѓаат во студентски дома, и да го направам изгледот на собата колку што е можно поблизок до вистинска хотелска соба. Идејата беше собата да добие удобен и релаксираччки изглед, и да биде во хармонија со околината.
Ја заменив доминантната зелена боја со песочни нијанси, притоа задржувајќи ја за детали и други додатоци. До висина од 220 цм, ги бојадисавме ѕидовите со светло кафеава боја SPEKTRA Latex mat, код G116. Останатиот дел од ѕидот беше бојадисан со малку посветла нијанса на боја, код F113.
Приборот за цртање на маслиновата гранка беше рачно изработен и користев посебна округла четка и техника на тапкање за да ја пренесам шемата на ѕидот. Процесот беше долготраен и морав да се осигурам дека не нанесувам премногу боја на четката бидејќи може да протече.
Но, крајниот резултат го оправда вложениот труд.