Маскирање на изгледот на столчето за нишање
Додека размислував за тоа каков би можел да биде мојот следен проект, мојата пријателка Тања ми даде интересен предлог за промена на изгледот. За да го изненади својот внук за неговиот роденден, таа сакаше да му даде доста посебен подарок - нејзиниот стар стол за нишање, кој таа и нејзината мајка го користеле како деца. Оваа додадена вредност на столчето што се пренесува преку генерации, беше главниот поттик заради што одлучив да ја направам промената. :)
Малиот дрвен стол за нишање требаше да се освежи. Со неколку едноставни чекори успеав да го претворам во модерно парче мебел.
ПОДГОТОВКА НА ПОВРШИНATA
На некои делови столот се уште беше прекриен со стар обложувачки слој, додека на потпирачот за грб, исто така, со сина боја. Со користење на сунѓер за полирање, лесно ги отстранив и двете.
Силно препорачувам да го заштитите подот пред работа, како и користење на ракавици. Вашите раце ќе го ценат тоа.
Кога завршив со пескарење, јас користев влажна ткаенина за внимателно да го избришам целиот стол. Многу е важно, остатоците од пескарење целосно да се отстранат пред да се нанесе вистинскиот премаз за да се постигне добар и мазен слој.
Пред да ја аплицирате посакуваната нијанса, површината треба да биде заштитена со прајмер, за овој посебен случај јас користев Tessarol акрилен прајмер за дрво. Овој производ без непријатен мирис се грижи за дополнителна заштита на дрвото и истовремено ја подготвува површината за подобра адхезија на горниот слој. Избрав убава пастелна нијанса, која совршено се вклопува со другите елементи на детската соба.
Штом прајмерот е сув, почнав со апликација на првиот слој од Tessarol акрил емајл.
Тесарол акрил емајл не остава траги од четка, се суши многу брзо и е еколошки. Бидејќи нема непријатен мирис, бев во можност да го нанесам внатре во собата. Кога нанесов два слоја од премазот, столчето за нишање стана непрепознатливо.
Пастелно синото столче за нишање совршено се вклопува со останатите бои во собата. Домашното милениче на семејството беше возбудено за новото парче мебел исто така.