Станете капетан на вашите авантури со премазите TESSAROL
Овојпат, совети за реставрација на дрвени конструкции ќе сподели искусниот занаетчија и изработувач на дрвени играчки Примож Ројц. Ројц го превзеде проектот за делумна реставрација на дрвена игротека во неговото родно село, првенствено освежувајќи ја нејзината внатрешност. Во својот пристап, тој споделува корисни совети за правилната постапка за реставрација на дрвените конструкции, ги нагласува клучните аспекти на кои треба да се посвети посебно внимание при реставрацијата и го додава последниот детал со кој ја отвора вратата кон магичниот свет на имагинацијата на детето.
Проценка на состојбата на опремата во игротеката
Пред да започнеме со реставрација на опремата во игротеката, прво треба да ја провериме состојбата на дрвото од кое е направена. Ако бојата забележливо се лупи, ќе биде потребна повеќе работа, особено ако дрвото исто така било заразено од штетници. Обемот на работа зависи и од тоа дали опремата за игротеката е бојадисана со завршни премази, емајли или лазури за дрво. Како да бидете сигурни? Многу едноставно. Ако бојата ја покрива површината на дрвото така што структурата на дрвото повеќе не е видлива, тоа значи дека е користен завршен слој како што е TESSAROL АКРИЛ ЕМАЈЛ. Доколку нијансата на премазот е полупроѕирна, а структурата на дрвото е видлива одоздола, тогаш дрвото е заштитено со лазура за дрво, како на пр. BORI ЛАЗУРА.
Која боја да ја изберете?
За дрвени надворешни површини изложени на атмосферски влијанија – главно влажност, сончева светлина и температурни промени – препорачувам да користите лазурни премази за дрво за заштита на дрво на отворено, бидејќи тие се полесни за одржување. Иако лазурите за дрво на база на вода се подеднакво погодни за надворешни површини, важно е да се знае дека тие треба да се освежуваат и обновуваат годишно. Порано или подоцна, водата ќе навлезе под премазот, предизвикувајќи слојот полека да почне да се лупи. Пред да нанесете нов слој, таквите површини треба добро да се избрусат, што бара многу повеќе работа. Меѓутоа, со лазурите за дрво на база на растворувачи, доколку ја изберете истата нијанса, доволно е само лесно брусење на површината пред обновување и нанесувањето на еден или два слоја нова боја. За повеќе информации за споредба помеѓу премази на база на вода и растворувачи. погледнете го ова видео.
Во нашиот случај, решивме да ја задржиме надворешноста бојадисана со лазура за дрво додека ја променуваме внатрешноста, која е подобро заштитена од атмосферски влијанија, со различни нијанси на еколошкиот TESSAROL АКРИЛ ЕМАЈЛ за да создадеме поволшебна средина.
TESSAROL АКРИЛ ЕМАЈЛ се одликува со сертификат SIST EN 71-3, којшто докажува дека производот, во сите свои готови нијанси, е соодветен за обојување на детски играчки и други предмети со кои нашите најмали доаѓаат во контакт. Благодарение на својата водена основа, исто така брзо се суши, нема непријатен мирис и може да се разреди со вода. Со години го користам редовно за украсување и заштита на моите дрвени играчки.
Што е потребно при реставрација на дрвена опрема за игротека?
Пред да започнете со процесот на реставрација, проверете дали имате при рака неколку предмети:
- памучни ткаенини од стара облека
- заштитен картон
- хартија за брусење од различни големини
- четка
- валјак
- сад за остатоци од боја
- средство за отстранување смола, маснотиите и други нечистотии (како на пр. TESSAROL NITRO РАЗРЕДУВАЧ).
- основна боја за дрво (како на пр.TESSAROL АКРИЛ ОСНОВНА БОЈА ЗА ДРВО)
- краен премаз или лазура за дрво за декорација и заштита на надворешни дрвени површини (како на пр. TESSAROL АКРИЛ ЕМАЈЛ)
Кога ја обновувате опремата за игротека или вршите некоја друга работа дома, користете ги алатките што веќе ги имате дома. Најдете стари маици и исечете ги на помали парчиња. Заштитете го подот со картон или стари весници што ги имате дома. Купете хартија за брусење, четки и валјаци (ако ги немате) и бои за дрво по избор.
Логиката при употреба на хартија за брусење – помалку е повеќе!
При изборот на хартија за брусење, треба да обрнеме внимание на големината. Помала бројка значи погрубо брусење. За брусење дрво, најпогодна е бројка 120; за помеко дрво, до 150. Ако изберете хартија од 100, возможно е да отстраните стара боја, но помали бројки значително ќе го оштетат дрвото. При брусење не е пресудно целосно да се отстрани старата боја, туку благо да се измазни површината и да се отстранат неправилностите.
Откако е избрусена, површината треба да се исчисти. Најдобро е да се исчисти со TESSAROL NITRO РАЗРЕДУВАЧ кој се нанесува на ткаенина, бидејќи отстранува и смола и различни маснотии насобрани на површината Бидејќи TESSAROL NITRO РАЗРЕДУВАЧОТ брзо испарува, не се препорачува за употреба во затворени простори.
Бојадисување со четка или валјак
Следниот чекор е нанесување на основна боја за дрво. Основната боја обично се нанесува во два слоја. Потоа, дрвото треба повторно нежно да се избруси со хартија за брусење помеѓу број 180 и 200 за да се добие мазна површина што ќе овозможи убаво нанесување на завршниот слој.
За бојадисување користете четка или валјак. Кога работиме со нерамни површини, единствениот избор што го имаме е да бојадисуваме со четка. Изберете четка со соодветна ширина. Не препорачувам четки кои се премногу широки или премногу тесни; ширина од околу 80 мм ќе биде најсоодветна. Ако, сепак, имате претежно рамни површини, тогаш може да се користи валјак. Кога се користат премази на база на вода, треба да се користи валјак Microline со висока густина, што ќе обезбеди рамномерно нанесување на бојата без видливи линии и недостатоци. Валјакот е практичен за употреба бидејќи овозможува брзо бојадисување и обезбедува убав краен изглед.
Температура, чистење и складирање на остатоци од боја
Најдобрата температура за премачкување дрво се движи помеѓу 10 и 25 °C. На пониски температури, бојата се суши побавно отколку на повисоки. Изберете сув, сончев ден за бојадисување, бидејќи премазите не треба да се нанесуваат на влажни површини. Употребата на премази на база на вода особено не е препорачлива на студено време. Општо земено, најдобро време за премачкување е пролет или есен кога температурите се сè уште умерено топли, а влажноста е погодна.
Што е со чистењето на четката и валјакот? Ако користите премази на база на вода, алатите може да се исчистат со вода или на друг начин, со помош на разредувач.
За да избегнете непотребни остатоци од боја, размислете за користење на Калкулатор за потрошувачка кој помага да се процени потребната количина на боја, истовремено препорачувајќи го најдобриот систем за премачкување.
Никогаш не ги истурајте остатоците од бојата во одводот. Фрлете ги на означени места или правилно складирајте ги во помали садови – како стаклени тегли за џем – и бидете креативни користејќи ги за помали проекти пред да им истече рокот. За повеќе идеи, погледнете во Библиотеката со идеи.
Капетани на сопствените авантури
Како ја обновив дрвената игротека? Бидејќи нејзината надворешност веќе беше добро заштитена со лазура за дрво и не бараше освежување, одлуката беше да се подобри само внатрешноста на игротеката. Веќе имаше волан, па го обоивме во медитерански бои – сина и бела. Дрвената површина најпрво беше заштитена со основна боја, а потоа и краен премаз. Бидејќи се одлучивме за еколошки пристап, се погриживме целиот систем да биде базиран на вода. Таванот беше во добра форма, така што немаше многу работа – прво брусење, потоа два слоја TESSAROL АКРИЛ ОСНОВНА БОЈА ЗА ДРВО и два слоја TESSAROL ACRYLIC ЕМАЈЛ во сина боја. За завршен детал, направивме матрица од фолија и втиснавме ѕвезди на сината позадина, трансформирајќи го таванот во ѕвездено небо.
Со украсување на внатрешноста на игротеката во живописни бои, се усогласивме со перспективата на светот на детето, дозволувајќи му да се нурне во светот на имагинацијата каде секоја ѕвезда претставува нова авантура. Ние, родителите, често забораваме дека децата го гледаат светот поинаку - преку сопствени очи и перспектива. За нив, светот е огромен и исполнет со можности кои возрасните често ги занемаруваат. И колку обожаваат мали простори! Колку често тие дома направиле мали тврдини од чаршафи и други предмети, за да се забавуваат и да мечтаат внатре? Нашиот проект има за цел да ги оживее тие спомени и да им овозможи на децата да ја ослободат својата имагинација во реновираната игротека - за да можат да станат капетани на сопствените авантури.
Реновирањето на дрвената опрема за игротека е одличен начин да се продолжи нејзиниот животен век и да се одржи прекрасниот изглед. Со соодветни материјали и внимателен пристап, можеме да создадеме безбедно и привлечно игралиште за деца. Уште повеќе, бојадисувањето може да биде забавна фамилијарна активност. Нека им донесе радост на сите генерации!